Основниот кривичен суд нема да му суди на обвинетиот поранешен претседател на овој суд, Владимир Панчевски. Од судот информираат дека по предметот во кој суспендираниот судија Панчевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување ќе постапува Основниот суд во Велес, а не судот со кој тој претходно раководеше.
-Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност. Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет“, се вели во соопштението на судот.