Приватната руска воена компанија „Вагнер“ никогаш не била во Србија и немала никакви контакти со Србија, објави основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.
„Колку што знаеме, Србите многу добро се справуваат со своите проблеми сами и немаат потреба од нашата помош. Им посакувам среќа и просперитет“, рече Пригожин на прашањето дали членовите на неговата компанија биле присутни на северот на Косово за време на барикадите во декември 2022 година.
Пригожин ова го објавил на својот официјален Телеграм канал, како одговор на прашање кое, како што се наведува , го поставил новинар од „Гласот на Америка“.
„Во приватната воена компанија „Вагнер“ во моментов нема српски државјани, а ги нема одамна. Затоа, сите гласини за соработка меѓу Вагнер групата и Србија немаат основа“, навел Пригожин.
Основачот на „Вагнер“ додаде дека „доколку има меѓуетнички конфликт на територијата на Соединетите Американски Држави,ovaa приватна компанија со задоволство ќе учествува“