636
Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државата наместо секојдневно од Белата палата да пласираат лаги и невистини.
Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека на објавените фотографии се гледа како Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“.