Осмоодделенка е најмладата малолетничка која имала абортус

by Fokus

Најмалата малолетничка што имала абортус кај нас е на 13-годишна возраст, што е еден поразителен факт за свеста за сексуалното и репродуктивното воспитување кај младите кое сè уште е на ниско ниво, беше истакнато на денешната панел-дискусија по повод Неделата на женското здравје, во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Во 2020 година имало 18 пациентки под 15 години коишто биле родилки, а во проценти од вкупната бројка на породувања за 2020 некаде 4,9 проценти од новороденчињата се на трудници коишто биле малолетни, односно од 15 до 19 години, посочија од МАГО.

Панелистите потенцираа дека едукацијата на младите за сексуалното воспитување е многу битно во натамошното намалување на сите болести од областа на гинекологијата. Посочија дека улогата на сексуалното образование во училиштата треба да биде еден од параметрите што ќе допринесе да тоа се подобри.

Тие потенцираа дека мора да работат посветени сите чинители за да се подигне свеста и знаењето на населението за основните нивни права и услуги и превенцијата која што може да ја добијат.

 

 

Поврзани новости