По повод Меѓународниот ден на жената и под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“, денеска група граѓани излзее на петтиот протестен марш со цел потсетување на институциите за барања кои се однесуваат на женските права.
Маршот за правата на жените започна пред МВР, од каде беше упатена порака во име на, како што изјави Марија Савова, понижените, малтеритираните, застражуваните, прогонуваните, тепаните и убиените, жени и девојки.
-Денес ја изрекуваме следнава пресуда, виновни се за соучество во злосторство сите кои имаат моќ, ресурси и одговорност да обезбедат достоинство, правда безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа, сите кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затвараат насилниците, а не го прават тоа, сите кои се овластени должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да превземат контрола врз сопствените животи, а не го прават тоа сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета свесно или несвесно со сторување или несторување, а не смееле да го направат тоа. На виновниците им се изрекуваат следните забарани: забрана за неработење, игнорирање, нечовечки однос и обвинување на жртвите, забрана за толерирање и оправдување на криминалот и насилниците, забрана за прикривање на криминалот и насилниците, забрана за оправдување за сопственото неработење и префрлање одговорноста други, забрана за постапување врз основа на лични ставови и предрасуди и уверувања на штета на жртвите. Виновниците се задолжуваат да си ги оправдаат позициите и да си ја сработата платата, да обезбезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родовото насилство, рече Савова.
Барањата, како што потенцираа се однесуваат на контрола и затвор за насилниците, навремени квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.
Додадоа дека посебно се задолжуваат МВР и Јавното обвинителство да одговорат на барањата кои им биле доставени и добро познати.
– Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања, а тие се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции. Ние сме тука ве следиме и нема да ве оставиме на раат, истакна Савова.
Маршот заврши во паркот Жена борец, од каде се испрати порака дека денешниот марш е повик за оваа држава конечно да почне да постапува за кривичните дела кои што секојдневно им се случуваат на жените, и конечно да покаже дека навистина се грижи за половина од своето население, но и за важноста на сеопфатното сексуално образование.