636
Хрватските здравствени власти потврдија уште еден случај на лице заболено со новиот корона вирус, јави дописникот на МИА.
Се работи за случај потврден во Клиниката за инфективни болести во Загреб, со што вкупниот број на заразени лица во Хрватска се искачи на осум.
Според информациите кој ги објави порталот Индекс, се работи за човек кој бил во близок контакт со еден од заразените во Риека.
Според порталот првиот заразен со корона вирусот во Хрватска е човек на возраст од околу 50 години кој работел на фабрика во Италија, а досега позитивни на вирусот се неговата сопруга и нејзиниот брат.