803
Ако нешто погрешивме во врска со пандемијата тоа е дека дозволивме теориите на заговор и лажните вести многу да се прошират кај граѓаните, изјави вицепремерот Бујар Османи на „Топ Тема“ на Телма. Според него, политичките партии требало да допрат до граѓаните за да им ја објаснат опасноста од ваквите лажни вести.
-Доколку некој не верува дека маската го штити, тој ќе ја носи само кога ќе види полицаец, потоа ќе ја извади. Не може полицаец да ја чува секоја врата и да го чува секој човек – вели Османи.
Тој смета дека сите заедно во владата треба да работат за да се надниме епидемиолошката криза.