Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека сегашните геополитички случувања само ја потврдиле тезата дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува инвестиција во стабилноста и безбедноста, не само на регионот, туку и на Европа.
-Западниот Балкан географски, политички и културно е дел од Европа, и затоа нема никакво сомнение дека неговата иднина е како дел од европската и евроатлантската Алијанса. Самата карта покажува дека Западниот Балкан не е на периферијата на eвропскиот континент, туку е во неговото средиште. Ова е единствениот регион кој се граничи скоро од сите страни со држави членки на ЕУ и време е да се заокружи ЕУ. Не се работи само за политичка, туку и за геостратешка изјава. Наоѓајќи се во југоисточниот дел од Европа, Западниот Балкан е и југоисточната порта кон Европа, рече Османи на сесијата „Заедничко градење на отпорна европска Безбедност“ на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид.