Османи: Западен Балкан е прашање на безбедност

by fokus

Јасно е дека ситуацијата во ЕУ во поглед на проширувањето не е идеална, но наша задача и работа на нашата дипломатија е да бара решенија, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашање дали Бугарија има скриена поддршка за ветото кон Македонија.

-Понекогаш треба да влеземе во нивна кожа. Шест земји од Западен Балкан кога ќе влезат во ЕУ ќе имаат право на вето. Но, верувам дека се свесни дека Западен Балкан е прашање на регионална безбедност. ЕУ треба да сака да го интегрира Балканот, зашто ако не е организиран претставува е закана за цела Европа – рече Османи на Канал 5.

Тој додаде дека ниту ние не сме спремни за ЕУ, ниту ЕУ не е спремна за нас, меѓутоа, како што истакна, нашиот аргумент е дека додека сите страни се реформираат да бидат закачени едни на други преку преговарачкиот процес.

Поврзани новости