384
По критиките кои деновиве може да се видат од страна на Алијанса за Албанците насочени кон коалицискиот партнер ДУИ, денеска со свој коментар се јави министерот за надорешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи
По изјавата на Азир Алиу, министер од АА за тв21 „дека ДУИ треба да се `апдејтира` и да оди во опозиција“, Османи истакна дека во Влада немаат никакви разлики.
„Во Влада немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме соработуваме сите министри дали Алијанса, дали ДУИ, дали СДСМ, така да апсолутно немам приметено никаква разлика во ставови или забелешки по однос на било кој од работењето на коалициските партнери и мислам дека тоа е важно, останатото нема да го коментирам“ – порача Османи.