434
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи не смета дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на средбите на албанските партии од Македонија во Албанија.
„Не сметам дека треба да се создаде некаква теорија на заговор по однос на овие средби. Сите средби во кои се комуницира, во кои се разменуваат идеи, информации, ставови се за благосостојба на нашата земја, но и на другите“, смета министерот за надворешни работи Османи