Османи за спорот со Бугарија: Работиме како јуни да ни е единствена шанса за решавањe на спорот

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот. Тој вели дека наше е тој патоказ да го дефинираме, а на членките на ЕУ паѓа бремето да го заштитат процесот на пристапување во ЕУ.

-Мислам дека главна тема не се идентитетските прашања туку е патоказот кој ќе создаде предвидливост во имплементација на договорот за пријателство. Патоказот за нас е прифатливо решение кое ќе ја создаде таа предвидливост, сме го разговараме тој акциски план во неколку наврати, но мислам дека повеќе е обврска на земјите-членки да кажат каде ќе го стават тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков. Тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме тој акциски план да се дефинира што побрзо, изјави денеска Османи.
Тој вели во целиот овој спор помеѓу Софија и Скопје, интерес имаат и земјите-членки бидејќи начинот на кој ќе се реши спорот понатаму може да создаде големи проблеми и за другите земји кои пристапуваат во ЕУ.

-Португалскиот предлог е креативно решение кое ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, бугарската и на земјите-членки, бидејќи очигледно и земјите-членки имаат став во однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес зашто тоа што ќе се постави како модел со нас утре ќе направи преседан и за други земји-кандидати и земји во регионот. Тоа значи дека тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на членките, можеби не само заради нас туку и заради самиот процес, да го заштитат процесот, вели шефот на дипломатијата.

Османи уште еднаш повтори дека од наредните две години јуни е најдобрата шанса за решавање на спорот и почеток на преговорите, па затоа работат како идниот месец да е единствената шанса.

-Останува на ставот дека ние работиме како да јуни ќе биде, независно што не сакам да ги подигам очекувањата на граѓаните. Тоа е комплексен процес кој веќе не зависи од нас, нашето е до исполнувањето на критериумите. Критериумите се исполнети, сега очигледно процесот зависи од многу динамики во земјите-членки, но нашиот ментален пристап е да работиме за јуни како да е единствена шанса за изнаоѓање на решение иако имам лично чувство дека во наредните две години можеби јуни е најдобрата шанса, изјави министерот.

Исто како и премиерот Зоран Заев вчера, и Османи денеска најави дека очекува наредните денови да има средби со Бугарија и на премиерско и на министерско ниво на кои ќе се договори динамиката и ќе се адресираат прашањата што ја засегаат бугарската страна.

Поврзани новости