Османи за провокациите на Џамбаски: Да не даваме тежина на маргинални ликови, не сакам да игра нивна игра!

by Fokus

Запрашан дали се планира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во земјава, министерот Бујар Османи изјави дека МНР размислувало за тоа прашање, но се поставила дилемата дали со таквата постапка нема да се влезе во неговата приказна, да му се даде можност за промовирање и да се игра неговата игра.

– Мислам дека целта на господинот, колку што е да провоцира, е и да се промовира, да предизвика реакција кај нас и таа реакција да ја искористи во својата политичка промоција. Тој е маргинален лик, изјави Османи.

Тој нагласи дека партијата на Џамбаски на последните избори во Бугарија не влезе ни во Парламентот и на нив по секоја цена им треба внимание, а бидејќи не можат да го провлечат во нивната земја, се обидуваат тоа да го направат со провокации кај нас.

– Не сакаме да им дадеме премногу тежина на такви маргинални провокатори. Ако тоа беше изјава на министер, на пратеник во бугарското Собрание, тоа  ќе имаше други импликации. Меѓутоа ние сега да правиме приказни од провокатори, кои не ги сака ни нивното општество… Извинете, но не сакам да ја играм нивната игра, додаде Османи.

Поврзани новости