Османи за почнување преговори: Не можам да ги кревам очекувањата на граѓаните

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конфенреција рече дека не може да знае што ќе се случи на 22 јуни и дали ќе почнат преговорите со ЕУ.

-Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина создава сомнеж во регионот колку е веродостоен овој проект. Мислам дека тоа го чувствуваат земјите-членки, јавно ја вреднуваат нашата работа и постигнувања, со квалификации кои се невообичаени од тимот дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од регионот кон ЕУ, меѓутоа остануваат разликите со Република Бугарија. Јас не сум во состојба во моментот да кажам каков ќе биде исходот на 22 јуни … Ние работиме како да тоа ќе се случи, но не можам да ги кренам очекувањата на граѓаните бидејќи е неизвесно затоа што нејасно е дали во Бугарија има политички мандат и дали ќе има договор по однос на португалскиот предлог, рече Османи.

Поврзани новости