313
Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи изрази ужаснатост од гинењето на цивили во Појасот Газа.
„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.
Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, напиша Османи на социјалната мрежа Икс.
Претходно, кога започна воениот судир на Блискиот Исток, Османи изрази силна осуда за нападот на Хамас врз Израел и за големиот број загинати цивили.