583
Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање околу инцидентот со синот на поранешен функционер на ДУИ, кој го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.
– Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, рече Османи, додавајќи дека да беа функционери на партијата можеби ќе изнел свој став.
Вчера МВР информираше дека е поднесена кривична пријава против Џафери.