Османи за клубот „Ванчо Михајлов“: Во центарот има голема табла со цитат за македонскиот народ, тоа е голема навреда!

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за бугарска БТВ одговори на прашањето зошто го смета за провокација отворањето на културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.

„Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михаилов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина“, порача Османи.

Поврзани новости