Османи: За иднината на СЈО се разговара и со опозицијата и со пратениците

by fokus

За законот за Специјалното јавно обвинителство треба да работиме паралелно во два правца, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на законот за СЈО, по состанокот во Владата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на законот.

– Паралелно треба да работиме на двата правца – и да се обидеме максимално да постигнеме консензус, бидејќи сепак се работи за област што бара консензус во едно општество, рече Османи.

Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

Поврзани новости