Османи: За идејата претседател Албанец нема рокови

by Fokus

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на денешната прес-конференција во однос на предлогот на лидерот на партијата Али Ахмети да биде избран Албанец за претседател на државата, вели дека ова прашање не е поврзано со рокови, туку оваа идеја ги предизвикува стереотипите.

-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ. Завршувајќи со премиерот на владата кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде по последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава. Не е важна националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност. Прашањето за кога  може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика“, истакна Османи.

Поврзани новости