После октомври ветувањата ќе ѝ ги оставиме на Европската Унија, вели во вечерашното гостување во емисијата “360 Степени“ на Алсат, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Запрашан какви се неговите очекувања земјите членки на ЕУ на пролет да донесат одлука за почеток на преговори со нашата земја, Османи во неколку наврати вели дека иако е реално да се очекува позитивен исход за нас, тој ветувањата ги остава на земјите членки на ЕУ.
-Тоа што ми се допадна од стратегијата на Комесарот, е што тој рече – јас нема да излезам со вонреден извештај доколку немам добиено некаква гаранција за позитивна одлука. Така што, ние ќе знаеме уште во февруари како ќе се развиваат работите. Мислам дека е реалистично, но ние нема да ветуваме после октомври, ќе оставиме ЕУ да вети затоа што ние направивме сѐ, рече Османи.