Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека ДУИ е разочара од одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да го именува Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. Како што рече Османи, ДУИ се надева дека Пендаровски ќе ја преиспира оваа одлука.
-Вчера одлука на претседателот Пендаровски за назначување директор на Агенцијата не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога Собрането ја донесе реформата за безбедносните служби. Нашите информации се дека одлуката е донесена врз основа на недоволна информиранот и дека не е злонамерна. Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Очекуваме дека овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука – изјави денеска Османи.
Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање. Муслиу беше споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор на агенцијата, но Ѓорѓе Иванов се повлекол од можниот избор по силна реакција на ДУИ, кој кандидатот тогаш го оцени како „несоодветно кадровско решение“.