Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека полека се исцрпуваат можностите со ВМРО-ДПМНЕ за заедничко носење на уставните измени, но затоа има „идеолошката линија во партијата која е за брзата патека за интеграција на државата, а не за патеката на држави со отворени прашања“.
-Убеден сум и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на она што го зборувам, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ според моите информации кои упорно аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство. Комплетна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги сфаќаат последиците од изолирање на земјата и влегување во втората патека. Сега се создавата две патеки – брзата патека и земјите со отворени прашања. Од нас зависи во која патека ќе влеземе ние. Се исцрпуваат веќе сите можности да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, не велам дека се исцрпени, но затоа паралелно ќе работиме со оваа идеолошка линија која што ја сака оваа држава, ја сака нејзината иднина и ја гледа како европска, просперитетна, рече Османи.
Тој откри и дека има има комуникација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но не во форма на притисок, туку за да се образложат аргументите.
– Има комуникации и тоа не во форма на притисок, туку за да се образложат аргументите, а на нив ќе остане на крај на која патека ќе ја остават државата, рече Османи.