377
Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе е на пат кон Софија, каде што ќе има посебна средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.
-Очекувано централна точка на преговорите е да биде Акцискиот план, штом се врати од оваа посета ќе имаме повеќе информации во МНР и во Владата во однос на тоа што е постигнато. Инаку, знаете дека од претходно, усогласеноста на двата документа коишто ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори, рече Арсовски.