Османи во посета на Индија

by Fokus

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи од денеска е во тридневна официјална посета на Индија, соопшти индиското Министерството за надворешни работи.

Османи во Њу Делхи ќе има средби со потпретседателот на Индија Јагдип Данкар и со министерот за надворешни работи Субрахманиам Џаишанкар.

Срдечно добредојде за шефот на дипломатијата на Северна Македонија. Посетата ќе ги зајакне односите меѓу Индија и Северна Македонија, напиша на Твитер портпаролот на индиското МНР Ариндам Багчи.

Освен Њу Делхи, Османи ќе ја посети и Калкута.

Поврзани новости