Османи: Во ова прво полувреме ние победивме!

by Fokus

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на денешната прес-конференција се заблагодари на поддршката од граѓаните и ги повика да го дадат својот глас во недела, кога се локалните избори во Македонија.

„Во ова прво полувреме ние победивме. Успеавме да се спротивставиме на политичките конкуренти. Имавме напорни и убави позитивни денови на политичка кампања. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните, но и да ги повикам, во недела да излезат на гласање. Изборите се најважниот момент и секој да ја изрази слободната политичка волја“, истакна Османи.

Поврзани новости