Османи во дводневна посета на Вашингтон

by fokus

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денес и утре (27-28 февруари) е во дводневна посета на Вашингтон.

Повод за посетата е неговата утрешна презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон, каде ќе се обрати на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“.

Во рамки на својата агенда, денес тој ќе оствари средба и со Дерек Шоле, Советник во Стејт департментот на Државниот секретар Ентони Блинкен во администрацијата на Претседателот на САД Џозеф Бајден.

Исто така, предвидена е средба и со Помошник администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија, Ерин МекКи.

Поврзани новости