536
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, главна тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија.
На средбата со еврокомесарот за проширување ќе се разговара и за статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.