361
Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација и сме внимателни кон намерата на овие хибридни закани, МВР останува да контактира со партнерските служби во регионот, изјави денеска на редовниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Имајќи предвид дека и во друга членка на НАТО има дојави за бомби – Црна Гора, Османи вели дека ова можеби не е некоја игра на тинејџери, па побарана е помош од НАТО.
Тој појасни дека НАТО дава поддршка за дијагностицирање на проблемот.