Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето на името со цел забрзување на евроинтеграциите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
– Ова прашање веќе станува приоритет на Владата. Ние завршивме две крупни прашања – прашањето на јазикот и на договорот со Бугарија. Сега имаме енергија да се фокусираме на прашањето на името. Очекуваме на тој пат да имаме што повеќе пријатели и затоа е целата активност на оваа Влада во комуникација со сите држави, но и со нашиот јужен сосед и со останатите соседи. Да ја искористиме оваа позитивна клима која што ја има во државата, во регионот, во Брисел, во земјите членки на ЕУ, да ги затвориме прашањата и да направиме суштинско прекршување во правец на евроинтеграциите – истакна Османи.