Екс министерот за надворешни работи – Бујар Османи во тв гостување на Канал 5 рече дека „нашиот принципиелен став е дека оваа Влада е нелегитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ“.
– Видете принципиелно ние не би требало ни да даваме предлог на една Влада којашто ја сметаме дека е нелегитимна – вели Бујар Османи.
На прашање дали имаат кредибилитет затоа што го договориле ова решение и дали стојат зад ова решение, вели:
– По однос на прашањето на Европската унија ние ги издвојуваме на страна сите тие прашања бидејќи сметаме дека тука не смееме да кочиме и затоа јас едноставно дадов една идеја за размислување во којашто ако е таа грижата дека постфестум ќе има кој може да не спречи ние да ги коригираме тие уставни измени, па еве нека се состојат нека се додаде суспензивна клаузула било каде колку што го слушнав премиерот дека тоа не држи. Јас не дадов правен предлог јас дадов политичка идеја и тоа не како ДУИ туку како поранешен министер за надворешни работи, бидејќи се обидуваме овде дури и на нелегитимна Влада да бидеме партнери за Европската унија – вели Османи.