Вицепремиерот Бујар Османи, кој е шеф на владиниот кризен штаб за справување со корона вирусот, рече густината на население во Општина Чаир е причина поради која во оваа општина има најголем број на заразени.
-На еден километар квадрат во Чаир живеат околу 20 илјади граѓани, односно на три и пол километри квадрати, колку е Чаир, живеат околу 67 илјади граѓани. Така што многу полесно ќе се шири инфекција во една густо населена средина, отколку во Сарај, каде веднаш се стави под контрола, каде на една поголема територија живеат помалку луѓе. Постојат географски и други карактеристики – изјави Османи на Алфа.
Тој додава дека непочитувањето на мерките не било причина за овој пик, туку, според него, тоа е последицата од лажните вести.
-Имаше лажни вести од типот дека ова е конспирација на Бил Гејтс за да ги вакцинира луѓето и да им стави чипови. Можам да ви обезбедам листа на извори, дури на моменти помислив дека оваа е специјална војна. Имаше и информација дека две земји во светот се извор на лажни вести за пандемијата и дека една од нив сме ние – рече Османи.