Османи вели дека нема да биде адвокат на комунистичкиот период

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема да биде адвокат на комунистичкиот период, од лични причини.

Ова доаѓа по изјавата на неговиот бугарски колега Николај Милков кој рече дека во Македонија има црна традиција на палење, стрелање и насилство.

„Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете од мене. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, нема да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите. Политичари и историја не. Комунистички период јас нема да коментирам, ни овде, ни во Софија, никаде“, рече Османи.

Поврзани новости