Ако има еден колатерален позитивен ефект од оваа блокада, тоа е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ, бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
За тоа што точно се разговара со Бугарија, Османи вели дека прашањето е комплексно и посочува дека во предлог преговарачката рамка даден од комисијата до земјите членки, Бугарија спори три прашања – името, јазикот и гаранцијата за спроведување на договорот.
„Тоа се прашања кои ги третира Португалското претседателство со последниот предлог кој што ние го сметаме како добра основа за надминување на разликите и работиме сите заедно во однос на тој предлог“, вели Османи.