437
Во рамки на посетета на Киев, претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
На средбата тој ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот.
„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата“, рече Османи.