Османи уверува: Прославата за Рамковниот договор ќе биде според сите протоколи!

by Fokus

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешната средба со медиумите вели дека организацијата на 20-годишниот јубилеј од Охридскиот Рамковен договор ќе се одвива според протоколите кои ќе важат за актуелниот период.

„Прашањето на епидемијата е прашање на наука, не на политичка интерпретација. Ако здравствените власти сметаат дека до одреден период може да се прават собири, ние ќе ги почитуваме тековните протоколи, а ќе ги почитуваме и одлуките на здравствената комисија доколку смета дека треба да се спречи одржувањето на собири. Ниту еден политичар нема да постапи различно од советите на здравствената комисија“, рече Османи во свој коментар на денешната прес-конференција.

Поврзани новости