Османи утре во посета на Македонците во Пустец

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе ги посети претставниците на македонската заедница во Албанија за да разговара со нив по последните притисоци од Бугарија пред претстојниот попис и тврдењата дека во Албанија живее бугарско малцинство алудирајќи на населението во Пустец, Голо Брдо и Гора.

„Ние работиме со македонскот национално малцинство во Албанија подолго време преку различни форми, преку комуникација и асистенција. Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме утре јас ќе ги посетам Пустец како и новиот граничен премин „Џепиште – Требиште каде штои исто така живее македонско национално малцинство. Секако во договор со нив. Ќе ги посетам Општините и училиштето, ќе имам комуникација со граѓаните и нивните здруженија, во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки за да видиме што може да помогнеме во комуникација со република Албанија“, изјави Османи.

Поврзани новости