Министерот за надворешни работи – Бујар Османи денеска информираше дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со името Република Македонија, но доколку тие се валидни
„Мислам дека МВР не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство, туку на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните“ – рече Османи.
Повтори дека како МНР веќе помогнале околу издавањето на патни исправи во дипломатко-конзуларните претставништва за што, како што рече, испратиле дополнителни дипломати, базни станици, се организирала работа во две смени и во викенди.
„Мислам дека ова треба да ни биде фокусот, да го зголемиме бројот на издадени пасоши, а ние паралелно ќе работиме за да им се олесни на граѓаните, но не треба тоа да ни биде водилка, односно надеж дека можеби ќе се сменат правилата на игра сами по себе и ние ќе може полабаво да ја тераме работата“ – рече Османи.