Османи: Треба да имаме претседател којшто ќе сплотува

by Fokus

Kандидaтот на ДУИ за претседател на државата – Бујар Османи вечерва во „Топ Тема“ на тв Телма го откри и мотивот за неговата кандидира за претседател – да биде првиот консензуално избран претседател на државата кој нема да генерира политички и етнички поделби како досегашните шефови на државата.

„Поддршката од граѓаните ја барам врз основа на моите искуство, компетенции, работна дисциплина, меѓународна етаблираност. Тоа што е уникатно во мојата кариера е мојата меѓународна етаблираност, искуство, контакти, а претседателот на државата тоа го прави, ја претставува државата надвор. Овој пат да не се гласа по етнички линии, туку по искуство, по кандидат“, изјави Османи, потенцирајќи дека претседателот во последните триесет години бил извор на проблеми, поларизација и ескалација на политичката состојба.

Тој тврди дека лидерот на земјата има три улоги.

„Едно, да биде компас на геостратешката ориентација, второ, да биде сврзно ткиво на различните етнички и политички наративи и трето, да биде деескалатор, да биде деполаризатор, тој што ќе ги намалува тензиите“, порача Османи.

Поврзани новости