Османи телефонски се слушнал со Захариева: Пријателските односи се од заемен интерес

by Фокус

Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу Макеоднија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

„Министерот Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и евроинтегративните процеси“, се наведува во соопштението од МНР.

Поврзани новости