По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, беше одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство претседател на Собранието на Македонија да биде Талат Џафери, изјави за ТВ21, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
„Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот. Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е еден од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец. Сметаме дека следната недела ќе ја започнеме процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието“, рече Османи.