Османи со тефтерче во рака не може да му парира на Коѕијас со смартфон

by fokus

Во тек се преговорите меѓу Македонија и Грција за подобрување на односите и за спорот околу името, а средбите меѓу владини претставници од двете земји се повеќе се интензивираат. За време на посетата во Брисел, вицепремиерот Бујар Османи и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, имаа таква посета и со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Во рамки на посетата во Брисел, за време на неформален разговор со Коѕијас, Османи забележува дека на функционерите од Македонија им е потребен технолошки напредок за да им парираат на своите колеги од ЕУ.

„Со Никос Коѕијас се подготвуваме за нашата следна средба. Јас со мојот тефтер, а тој со својот смартфон. Уште еден доказ дека мораме итно да напредуваме кон ЕУ вредностите и стандардите“, напиша Османи на својот твитер профил.

Инаку, според официјалните соопштенија на средбата меѓу Османи, Димитров и Коѕијас се разговарало за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка.

„На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите разменија мислења како претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во процесот под покровителство на ОН, кој се очекува да биде обновен во најскоро време. Соговорниците изразија заложби за водење отворен, конструктивен дијалог во добра верба, низ кој меѓусебната доверба ќе расте и во иднина“, соопштија од Владата.

Поврзани новости