Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во интервју за Телевизија24 открива дел од деталите на албанската платформа.
Употребата на албанскиот јазик ќе биде во централните и локалните институции во општините каде Албанците се над 20 проценти, рече Османи во 24 Анализа.
Тој вели дека се што е договорено е во рамки на Уставот и не предвидува промени на државното уредување и додава дека со предлог Законот за употреба на јазикот се решава единственото незатворено прашање од Рамковниот договор.
Во местата каде Албанците се над 20 проценти, амблемите на полицијата и војската ќе бидат и на албански јазик, а во однос на тоа дека во јавноста на големо се говори дека и банкнотите ќе бидат двојазични тие нема да претрпат големи промени, односно на неа единствено Народна банка на Република Македонија, како државна институција покрај на македонски, ќе биде напишана и на албански јазик.
Проблематизирањето на прашањето на јазикот од ВМРО-ДПМНЕ според Османи се за нивен сопствен политички профит, и вели дека во договорите со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ постојат мали несуштински разлики.