Османи смета дека веќе се на граница на анархија во ДУИ

by Fokus

ДУИ е позната по својата внатрешна демократија, секој има право на свои идеи, но се додека не се премине границата на анархија. Имам чувство дека веќе сме на таа граница, вели Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ прашан за коментар за можноста „Огнените“ да формираат своја пратеничка група во Парламентот.

-Секој има право да си постапува како што е убеден. ДУИ е позната и препознаена по внатрешното демократија, по можноста различни луѓе да претстават различни идеи коишто се разликуваат од мнозинството. Но, тоа е се додека не се премине една граница на анархија. Тогаш секоја организација си презема мерки за да си го зачува функционирањето. Имам чувство дека веќе сме на таа граница иако таа култура во ДУИ секој да го искаже ставот и јавно, дури и да е различен од мнозинскиот, ќе ја охрабриме, но одлучувањето ќе остане со мнозинско одлучување, а ставови ќе може секој да каже каде сака, што сака. Но, ќе мора да ги почитува одлуките на мнозинството во организацијата. Така функционира секоја организација, така ќе функционира и ДУИ, рече Османи по посетата на полицискиот центар во Ѓорче Петров.

Поврзани новости