Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска со бугарската историската комисија истакна дека работата нема да оди лесно и дека реагирал на изјава на копрецедавачот и се осврна на уставните имени.
– Останува коментарот историчарите да не се мешаат во политиката. Не чувстввам потреба дека бараат политичка поддршка за нивниата работа и сметам дека сами може да си ги бранат позициите и така е подобро, зошто тоа е работа на комисијата. Да ја задржи темата надвор до политиката, рече Османи.
Toj додаде дека во однoс на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени.
-Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се оставаат после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени. – рече Османи.