Османи се сретна со Борисов на аеродромот во Софија

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Средбата, како што објави Османи на својот Фејсбук профил, се одржала на аеродромот во Софија.

Османи денеска престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија. Работните посети на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021, стои во соопштението.

Шефот на дипломатијата вчера на прес-конференција изјави дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не се издигнати како услов на Европската Унија за отпочнување на преговори за членство. Според него, инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне.

Тој рече дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија, а нашиот фокус, во моментов е на работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што истакна, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат.

-Но добро е во текот на овој период да се искористат деновите да се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики, изјави вчера Османи.

Поврзани новости