Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари работна средба со новата aмбасадорка на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, непосредно откако Хрватска вчера го презеде Претседателството со Советот на ЕУ.
-Навистина клучен период во кој ја преземате функцијата, за кој се надевам дека ќе можеме да го одбележиме и како историски за нашите две земји, особено за нашите европски интеграции – истакнал вицепремиерот Османи, според соопштението од Секретаријатот за европски прашања.
Воедно, тој потенцирал дека Хрватска во континуитет изразува јасна поддршка за европските интеграции на земјава и за целиот Западен Балкан.
– Очекувањата се навистина големи, и ние сме свесни дека Хрватска ќе ги вложи сите напори за да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, како дел од севкупната поддршка кон регионот, што е веќе потврдено со најавениот мајски самит на ЕУ тематски посветен на Западниот Балкан – изјавил вицепремиерот.