Османи се надева дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ до крајот на годината

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа.

-Ако претседателството на Бугарија со Советот за ЕУ за нас претставуваше еден вид отскочна даска за враќање на земјава на европскиот колосек, наша интенција е за време на претседателствувањето на Австрија да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Унијата – изјави Османи.

Инаку, Австрија ќе го презеде претседавањето со ЕУ во јуни, откако ќе заврши шестмесечниот период на бугарското претседавање.

Поврзани новости