447
Вицепремиерот од ДУИ, Бујар Османи по денешната лидерска средба со претседателите на политичките партии и претседателот на државата, Стево Пендаровски порача да се одложат изборите во интерес на здравјето на граѓаните.
„Заедничка е констатацијата дека изборите треба да се одложат. Тоа е став на ДУИ. Здравјето на граѓаните е најважно во оваа ситуација. Постигнавме консензус за одлука за одложување на изборите. Ние сакаме да го победиме вирусот, а не изборите“, истакна Османи.