Османи: Разочарани сме од вмешаноста на јавен обвинител

by fokus

ДУИ е разочарана што има вмешаност на јавен обвинител во отворената истрага, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи откако Јавното обвинителство отвори истрaга во која беа уапсени две лица осомничени за трговија со влијание и перење пари. Османи рече дека на лидерската средба овој петок ДУИ ќе ја нагласи потребата да се формира институција во државата која ќе истражува криминал од висок профил.

-ДУИ е најголем непријател на селективната правда. Во секој говор претседателот на партијата Али Ахмети ја споменува селективната правда како канцер на општеството. Затоа ние како партија го предложивме законот за ветинг кај сите носители на јавни функции. Ветингот е најдобар начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите и нивниот кредибилитет. Јас не сакам да прејудицирам додека органите не ја завршат истрагата – рече Бујар Османи по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Поврзани новости