Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција посочи дека ќе го разгледаат последниот случај со оставката на историчарот Ѓорѓиев од комисијата, бидејќи сепак се случил непосредно пред прес-конференцијата и оти ги нема сите информации. За него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и, повтори ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите.
– Но, дека ќе поттикнам динамика, дека сум разочаран дека не прифатија да ја одржат средбата со физичко присуство, туку со онлајн – да, сум разочаран и јас планирам да преземам мерки во овој дел. И никогаш нема да дозволам, ниту јас, ниту кој од Министерството, да се меша во содржината, во насоката од стручните професионални насоки што ги имаат историчарите. Но, дека ќе реагирам секогаш кога ќе видам опортунизам, секогаш кога ќе видам немање ентузијазам да се продолжи овој процес ,тука ќе реагирам, затоа што сметам дека имаме одговорност пред граѓаните, заклучи Османи на прес-конференцијата по средбата со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид